Tuesday, May 13, 2014

Системот за излачување или екскреторен систем е органски систем чијашто основна функција е екскрецијата (излачувањето) на штетните или непотребните материи (екскрети) од организмот.
Екскретите се продукти од активниот метаболизам. Тие, доколку се задржат подолго време во организмот,може да бидат штетни. Најчести екскрети се водата, амонијакот, уреата и мочната киселина. Сите овие материи се отстрануваат од телото преку најразлични патишта,односно во процесот на екскреција учествуваат повеќе органски системи како што се кожниот,респираторниот, дигестивниот и други.

Меѓутоа, најголемиот дел од нив се екскретираат преку специјализирани органи за излачување.


Екскреторен систем

Екскреторниот систем кај човекот е составен од:бубрези,мочоводи,мочен меур и изводен мочен канал.
Бубрезите се еволутивно најусовршените екскреторни органи.Тие се парни органи сместени на грбната страна од стомачната празнина,од двете страни на ‘рбетот.Тие имаат форма на зрно грав и нивната маса е околу 120-150 г.На горниот дел на секој бубрег е сместена надбубрежна жлезда.Бубрезите се снабдуваат со крв преку бубрежната артерија.Филтрираната крв се изнесува од бубрезите преку бубрежната вена.

На надолжен пресек,бубрегот се состои од четири дела:

-Бубрежна капсула,обвивка од масно ткиво,која служи како масна ложа за прицврстување на бубрезите за телесниот ѕид и амортизација на потресите.Целиот бубрег е опфатен со тенка сврзна обвивка која го држи компактно бубрежното ткиво.

-Бубрежна кора,се наоѓа под капсулата и ја сочинува главната маса на бубрегот.Содржи бубрежни Малпигиеви телца.Тие се изградени од Бовманова капсула,клопче,артериски капилари и почетните делови од бубрежните каналчиња.

-Бубрежна срцевина,се наоѓа под кората.Во неа продолжуваат каналчињата од кората кои се влеваат во собирните каналчиња.Собирните каналчиња се групираат во 10 до 12 пирамиди кои со врвот се отвораат во малите бубрежни чашки.Тие се прошируваат во големи бубрежни чашки кои се надоврзуваат на бубрежното легенче.

-Бубрежното легенче е дел од бубрегот кој продолжува во мочоводите.Од нив урината се пренесува во мочениот меур,а се отстранува преку мочниот канал.


Основната структурна и функционална единица на бубрезите,која учествува во формирањето на урината е нефронот.Секој бубрег содржи околу 1 200 000 нефрони.Тие дневно филтрираат околу 180 l течност и формираат околу 1,5 l урина.Нефронот е изграден од бубрежна телце и извиено каналче,кое е диференцирано на 3 дела :

-Бубрежното(Малпигиево) телце се состои од:
*Бовманова капсула,која го претставува почетниот,проширен дел на бубрежното телце.Има форма на чаша со двоен ѕид.
*Гломерул е клопче од артериски капилари,кое е вовлечено во Бовмановата капсула,се нарекува Малпигиево клопче.

-Извиено бубрежно каналче е продолжеток на Бовмановата капсула. Тоа е опфатено со систем од венски капилари кои ја формираат бубрежната вена. Бубрежното каналче се диференцира на три дела:
*Почетен дел, сместен во кората на бубрегот. На крајот се стеснува и продолжува со
*Хенлеово стеснување,на кое се разликуваат: слегувачки, качувачки дел.На качувачкиот дел се надоврзува
*Дисталното каналче, кое се блева во собирно каналче. Со ова каналче завршува нефронот.

Неколку собирни каналчиња, во медулата на бубрегот се групирани во собирни цевчиња, кои се влеваат  во заедничко каналче што завршува на врвот од бубрежната пирамида. Од него формираната урина поминува во мала бубрежна чашка.Повеќе бубрежни чашки се соединуваат и се вливаат во голема бубрежна чашка.Последните се влеваат во бубрежното легенче,од каде поаѓа мочоводот.

Мочоводи
Двата мочоводи се долги, тенки, мускулни цевки што почнуваат од основата на бубрезите и се протегаат надолу до помалиот дел на мочниот меур.Нивната должина, природно е различна и зависи од големината на човекот и може да биде во границите од 25 до 32 cm. Во ѕидот на мочоводите има слоеви на епителни клетки, потоа има релативно тенок слој мазни мускули и на крајот има обвивка од фиброзно ткиво.Мускулите на мочоводите се способни за одредени ритмички контракции.Мочта се движи по должината на мочоводите од бубрезите до мочниот меур под дејство на гравитационата сила и перисталтиката во одредени интервали. Бидејќи мочоводите имаат заоблен краен дел со кој поминуваат низ ѕидот на мочниот меур, притисокот на полниот мочен меур не може да предизвика обратен тек на мочта.

Мочен меур

 Мочниот меур е краен резервоар за мочта со зафатнина од 400до 600 ml.
Во ѕидот на мочниот меур има повеќе слоеви.Еден од нив е слојот со слузница,слој со крвни садови и слоеви со мазно мускулно ткиво.

Уринирање

Процесот на исфрлање на урината од мочниот меур е наречен мочање(уринирање).
Блиску до дното на мочниот меур има кружен мазен мускул, кој е наречен бнатрешен сфинктер, кој со несвесна контракција го спречува празнењето на мочниот меур. Како што се полни мочниот меур, стегачките рецептори примаат и праќаат импулси до центарот во долниот дел на ‘пбетниот мозок. Од тој центар, моторните импулси се враќаат назад до мускулатурата на мочниот меур и овој орган се испразнува.


















1 comment:

  1. Да ли желите да купите бубрег, телесне органе или желите да продате свој бубрег или телесне органе? Тражите ли прилику да продате свој бубрег за новац због финансијског слома, а не знате шта да урадите, контактирајте нас данас и понудићемо вам добар износ од 500.000 долара за ваш бубрег. Моје име је доктор МАКСВЕЛЛ, ја сам неуролог у БИЛЛ РОТХ БОЛНИЦИ. Наша болница је специјализована за операцију бубрега, а бавимо се и куповином и трансплантацијом бубрега живим одговарајућим даваоцем. Налазимо се у Индији, САД, Малезији, Сингапуру.Јапан.

    Молимо вас да нас обавестите ако сте заинтересовани за продају или куповину бубрега или
    Молимо вас да се устручавате да нас контактирате на и путем е-поште.

    Е-пошта: биротххоспитал@гмаил.цом
    Вхатс апп нумбер: +33751490980

    Срдачан поздрав
    ГЛАВНИ МЕДИЦИНСКИ ДИРЕКТОР
    ДР МАКСВЕЛЛ

    ReplyDelete